Де Лихт го предупредува Јувентус: Две години по ред сме четврти…

by
1 минути читање

Јувентус и Холанѓанецот се во преговори за продолжување на соработката и низ медиумите кружат најразлични гласини.

„Преговорите се во тек и кога ќе дојде време, ќе одлучам дали да го продолжам договорот или среќата да си ја побарам на друго место. Секогаш во фокусот ми е тоа што е најдобро за мене од спортски аспект. Тоа што две сезони финишираме како четврти, не е доволно добро. Мораме да забележиме прогрес, овие резултати се разочарувачки“ – вели Де Лихт.

Се шпекулира дека во актуелниот договор на Де Лихт има откупна клаузула од 120 милиони евра и доколку тој стави потпис на нов, таа ќе се намали со цел дефанзивецот во иднина полесно да направи трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×