201
Откако Милан премина во рацете на „Редбрд“ една од првите работи на агендата е задржување на Рафаел Леао.
Газета дело Спорт пренесува дека е подговен договор со три пати повисока плата, односно 4,5 милиони евра по сезона. Рафаел Леао сака да ја продолжи верноста со „росонерите“ но неговиот агент мати вода.
Жорж Мендеш има неколку богати понуди и преферира напаѓачот да се пресели во клуб кој располага со поголем буџет.
Но Милан верува дека во брзо време ќе го обезбеди потписот на Рафаел Леао и ќе стави крај на сите шпекулации.