Габриел Жесус им се понудил на Атлетико и Реал Мадрид, им кажал и колкава плата сака

by
1 минути читање

Договорот на Габриел Жесус со Манчестер Сити истекува во јуни 2023 година, но голема е веројатноста тој ова лето да го промени клубот.

Се пишуваше дека Арсенал се силно заинтересирани за него, но „Дејли Мејл“ тврди дека Жесус се понудил на Атлетико и Реал Мадрид и побарал годишна плата од 5 милиони евра.

Новинар на „Кадена СЕР“ додава свои информации на оваа вест и тврди дека Атлетико Мадрид го одбиле предлогот на Бразилецот, а Реал Мадрид е заинтересиран.

Анчелоти сака уште еден напаѓач во тимот, Реал Мадрид ги прифаќа условите на Габриел Жесус, но нејасно е дали ќе успеат да се договорат со Манчестер Сити за висината на обесштетувањето. Перез не планира да одвои некоја бесна сума на Жесус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×