Нашиот следен противник, селекцијата на Грузија со убедливи 5-2 победи на гостувњето кај Бугарија.
Давиташвили уште во четвртата минута донесе водство за Грузијците, а Христов во 31. минута си постигна автогол за 2-0 за гостите.
По пет минути игра во вториот дел Илиев намали на 1-2, но потоа следуваа два брзи гола на Грузија преку Зивзиадзе и Кваратшелиа, па веќе во 58. минута беше 4-1.
На 5-1 за Грузија зголеми Вако, а во 83. минута Стефанов го постигна последниот гол на мечот за конечни 5-2 за гостите.
Победата за гостите можеше да биде и поубедлива, но промашија пенал во судиското продолжение.
По две одиграни кола Грузија е прва со максимални шест бода, ние сме втори со четири бода, Бугарија има еден на третата позиција, а Гибралтар е без бодови.
Математиката вели дека веројатно ќе треба да освоиме четири бода против Грузија и да ги победиме Бугарија и Гибралтар во Скопје за да го освоиме првото место.