193
Немања Матиќ ќе стави потпис на едногодишен договор со Рома со можност за продолжување на уште една сезона.
Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио вели дека трансферот е договорен, а ќе биде комплетиран откако Матиќ и официјално ќе го напушти Манчестер јунајтед.
Мурињо му беше тренер во Челси и Манчестер јунајтед, а сега заедно ќе работат и во Рома.
Српскиот фудбалер во Рома доаѓа по желба на Жозе Мурињо кој многу добро ги познава квалитетите на Матиќ.
Матиќ ќе биде второто засилување за Рома во летниот преоден рок, првото е неговиот сонародник, голманот Миле Свилар кој исто така доаѓа како слободен играч, од Бенфика.