160
Канаѓаните направија голем подвиг со пласманот на Светското првенство во Катар. За овој голем успех фудбалската федерација од оваа земја ќе добие 10 милиони долари од ФИФА.
Фудбалерите и стручниот штаб на репрезентацијата побараа 40 проценти од таа сума да им биде исплатена како награда за големиот успех. Процент кој е логичен.
Но, Фудбалската федерација на Канада одбива да го направи тоа, тие им нудат само 10 проценти на актерите кои го направија големиот успех. Останатите 90 проценти сакаат да ги вложат во инфраструктура и други развојни проекти за фудбалот во земјата.