Лукаку му порачал на Интер: Јас ќе ја средам работата

by
1 минути читање

Интер оваа недела
се сретна со агентот на Ромелу Лукаку и биле договорено успловите под кои
напаѓачот ќе се врати во Милано.

Фудбалерот од
Белгија прифатил големо намалување на платата, во моментов заработва 12 милиони
евра по сезона, плус додатни 3 милиони евра како бонуси додека пак на „Џузепе Меаца“
ќе има плата од 7 милиони евра плус бонуси.

Интер сега треба
да пронајде и заеднички јазик со Челси и тоа до крајот на месецот за да може да
го искористи законот за повластена даночна стапка.

„Нероаѕурите“
немаат пари за трошење и можат да си го дозволат Ромелу Лукаку само доколку тој
пристигне на бесплатна позајмица.

Челси преферира
трансфер, со оглед на тоа дека интерес пројавуваат и Баерн Минхен и Барселона,
но Ромелу Лукаку во мислите го има само Интер. Како што пренесува Кориере
дело Спорт, самиот играч ветил дека ќе ги убеди „сините“ да ги прифатат условите
и на „нероаѕурите“ им порачал: „Јас ќе ја средам работата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×