237
„Каталонците“ во
втората половина на јуни ќе треба да добијат средства за настап на трансфер
пазарот и носење засилувања за новата сезона.
На 16. јуни ќе
биде одржано генерално собрание на кое ќе се бара зелено светло за продажба на
дел од имотот.
Како што пишуваат
медиумите, ќе се бара дозвола за продажба до 49,9% од компанијата „Барса
Лајсенсинг & Мерчендајзинг” (БЛМ), како и до 25% од аудио-визуелните
права во Ла Лига.
Од првата зделка
се очекуваат 200 милиони евра, додека пак од втората се очекуваат 540 милиони
евра, односно два слични договори од по 270 милиони евра, еден со ЦВЦ Капитал и
друг со Голдман Сакс.