167
Најголемите италијански спортски весници, „Газета“, Кореире“ и „Тутоспорт“ пишуваат дека Интер денеска ќе има средба со претставникот на Лукаку.
Се верува дека Лукаку е подготвен да игра и за двојно пониска плата за Интер, но дали ќе се реализира неговото враќање зависи од Челси.
Челси го купи Лукаку за 113 милиони евра од Интер, па нема да сака евтино да се ослободи од него, а нероазурите не се во ситуација да понудат висока сума.
Најреална опција е позајмица, но нејасно е дали Челси би се сложил и на тоа.
Паралелсно Интер преговара и со Пауло Дибала кој е слободен играч.
Ако Интер успее да ги донесе Дибала и Лукаку, тогаш се верува дека ќе го продаде Лаутаро Мартинез.