320
Карим Бензема ја
има поддршката на Лео Меси кога е во прашање престижната индивидуална награда
на Франс Фудбал.
„Нема дилеми, јасно
е дека Карим Бензема имаше одлична сезона која ја заврши со триумф во Лигата на
шампионите, беше најважен играч на Реал Мадрид во нок-аут фазата. Мислам дека
оваа година е јасно кој ќе ја добие „Златната топка““ – вели Аргентинецот.
Минатата година
имаше многу полемики околу „Златната топка“, многумина сметаа дека Лео Меси
неправедно стигнал до оваа награда пред Роберт Левандовски.