288
Mонца слави историски успех, за прв пат во своето 110-годишно постоење клубот ќе биде дел од најсилното првенство на Италија.
Причина за задоволство има и во редовите на Интер, клубот од Џузепе Меаца може да инаксира и до 11 милиони евра.
Со промоцијата во Серија А, се активира клаузулата со која Монца ќе мора за 4 милиони евра во целост да го купи голманот Микеле Ди Грегорио.
Уште еден фудбалер на Интер кој е во Монца на позајмица може да донесе солидна сума во касата на „нероаѕурите“. Се работи за дефанзивецот Лоренцо Пирола, за кого Монца има опција да го купи во целост за 7 милиони евра.