187
Монца испиша историја, клубот кој е основан пред 110 години за првпат избори пласман во Серија А.
Тоа е клубот на Силвио Берлускони и Адриано Галијани, двајцата денеска беа на трибините во Пиза и се радуваа на големиот успех.
Првиот плеј-оф меч го доби Монца со 2-1, а денеска Пиза славеше со 3-2 по 90 минути игра. Правилото гол во гости не важи, па се премина кон две продолженија од по 15 минути.
Во продолженијата Монца даде два гола и со вкупни 6-4 се пласираше во Серија А.
Покрај Монца, претходно во Серија А пласман обезбедија и екипите на Лече и Кремонезе.