177
Мане заминува од Ливерпул, веројатно негова следна дестинација ќе биде Баерн Минхен.
Тој одлуката ја чувал во тајност до крајот на финалето од Лигата на шампионите, а потоа им кажал на своите соиграчи дека заминува.
Во изминатиот период бил фокусиран комплетно на финишот од сезоната со Ливерпул, па допрва ќе седне на маса со Баерн Минхен да разговара за деталите.
Не се исклучува можноста и некој друг клуб да биде негова нова средина.
Според Фабрицио Романо, Ливерпул наскоро ќе го потврди заминувањето на Мане.
Доколку Баерн Минхен го ангажира Мане, тоа може да значи и зелено светло за заминување на Левандовски во Барселона.