И покрај тоа што српската репрезентација има повеќе светски ѕвезди во својот тим, а една е исклучително актуелна како Влаховиќ, Сонг вели дека не ги знае играчите на Србија.
„Искрено, не знам ниту еден играч на Србија. Сега ќе барам информации, само еден месец сум селектор. Ќе работам со својот стручен штаб да знаеме со кого точно играме и ќе направиме добра подготовка“, вели Сонг за РТС.
„Мислам дека ова е најтешка група. Во денешниот фудбал немате слаба група, секој има квалитет да направи нешто. Се надевам дека ќе биде многу добар турнир, бидејќи секоја група која ја гледате има добри тимови и сите сакаат победа“.
„Сега сите имаат добри подготовки за турнирот и имаат самодоверба. Секој ќе биде таму за да направи нешто и го сакам ова натпреварување поради борбата“.
Камерун првиот меч во Катар го игра против Швајцарија, а во второто ќе се сретне со Србија, во последниот меч од групната фаза ќе се соочи со Бразил.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.