Балотели: Ако јас играв против Македонија…

by
1 минути читање

Пред дуелот помеѓу
Италија и Македонија во баражот за СП 2022, медиумите најавуваа дека Марио
Балотели ќе се врати во репрезентацијата, но Роберто Манчини реши да не го
вметне проблематичниот напаѓач во тимот.

Со оглед на тоа
дека „аѕурите“ се мачеа против Македонија и беа поразени во Палермо, Марио
Балотели беше запрашан дали ќе било поинаку со него во нападот.

„Недостасувам
само кога Италија губи. Лесно е сега да говориме, но никој не го спомнуваше
моето име пред натпреварот
“ – вели Марио Балотели.

„Го гледав
натпреварот, беа креирани доста шанси и знаете, јас се уште сум добар пред
голот. Не значи дека сигурно ќе победевме доколку играв, но имавме неколку
добри шанси за погодок“.

„Поразот боли. Не
е само тоа што не добив повик за баражот, туки и тоа што нема да играм на
СП 2022. Мундијалот е во декември, имаше шанси да одам, вратата никогаш
не беше затворена. Верував дека ќе можам да покажам дека заслужувам да бидам дел
од Светското првенство“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани