Мендеш: Поразот од Србија нè направи посилни и ја победивме Македонија

by
1 минути читање

Португалија можеше да се пласира на Светско првенство и преку квалификациите, но загуби на свој терен од Србија и мораше патот до Катар да го оди преку баражи.

„Многу сме среќни. Навистина ја посакувавме оваа победа, го направивме тоа и се пласиравме на Светското првенство, а тоа е најважно“, вели бекот на ПСЖ и Португалија, Нуно Мендеш.

„Не бевме фаворити, овој натпревар беше финале и победивме. Сега треба да продолжиме да играме добро на Светското првенство“.

„По мечот со Србија бевме тажни дека не се квалификувавме, но потоа овој тим стана посилен, тоа се покажа на денешниот натпревар“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани