Сантош издвои еден играч на Македонија и порача: И за нас ова е меч на живот и смрт!

by
2 минути читање

Португалија и
Македонија утре ќе се борат за билет за мундијалот во Катар
. Многумина можеби очекуваа во финалето да биде
Италија, пред неколку дена Бернардо Силва изјави дека не знае што да очекува од „црвено-жолтите“,
но Фернандо Сантош сега вели дека добро си ја завршиле домашната задача.

„Бернардо Силва и
сите останати веќе изгледа неколку видеа од натпреварите на Македонија.
Последниот меч против Италија не смее да ни биде пример, може да даде слика
која не е вистинита. Потребно е да се анализираат и други мечеви, како оној
против Германија“
– вели селекторот на Португалија.

„Да не заборавиме
дека против Италија им недостасуваа двајца играчи, според мене, Елиф Елмас е
нивниот најдобар фудбалер, се работи за квалитетен играч, кој заедно со Барди
диктираат како игра тимот“.

„Велат дека ова е
меч на нивниот живот, дека ќе изгинат на теренот, но и за нас е исто, ова е меч
на живот и смрт. Мораме да одговориме на ист начин кога е во прашање пожртвуваност
и посветеност. И пота со интензитет и креативност да стигнеме до победа“.

„Постои притисок,
но тој притисок е добар. Противникот заслужено е тука. Победи во Германија,
исто така ја победи Ерменија со 0-5, а пред неколку години ние се мачевме таму.
Сега славеше и против Италија“.

„Нашата цел е да
бидеме во Катар, почнавме против Турција и истото треба да го повториме утре“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани