Разочарувањето од поразот од Македонија е големо: Манчини си поднесува оставка, ФФИ веќе контактирала неколку имиња

by
1 минути читање

Роберто Манчини
има договор со „аѕурите“ до 2026 година, но по синоќешниот пораз од Македонија
во баражот за мундијалот во Катар, неговата авантура на кормилото на Италија ќе
заврши брзо.

Како што
пренесува Спортмедиасет, разочарувањето кај стратегот е огромно, тој чувствува
морална одговорност па во следните денови официјално ќе поднесе оставка и ќе
каже збогум.

Веќе се шпекулира
за неговиот наследник, ран фаворит е Фабио Канаваро, кој би пристигнал во
тандем со Марчело Липи, кој ќе биде технички директор.

Се разгледуваат и
други опции, медиумите пишуваат дека и Андреа Пирло е во игра, како и Стефано
Пиоли и Клаудио Раниери.

Новинарот Симоне
Малагути вели дека Фудбалската федерација на Италија веќе стапила во контакт со
Пиоли и Раниери и се опипува теренот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани