Роналдо ги предупредува Португалците пред дуелот со Македонија

by
1 минути читање

Македонија во
вторник ќе се бори за билет за СП 2022, противник на избраниците на Боби
Милевски ќе биде Португалија.

Португалците вчера
не дозволија изненадување во дуелот со Турција и славеа со 3-1 за финале.
Тие сигурно очекуваа пресметка со Италија, и кога слушнаа за резултатот на
„Ренцо Барбера“, многумина веројатно веќе се виделе во Катар.

Сепак, Кристијано
Роналдо преку социјалните мрежи ги повика своите соиграчи да не ја потценуваат
Македонија.

„Ова е само
првиот чекор кон нашата голема цел, кон Светското првенство во 2022. Ништо не
сме оствариле. Мораме да продолжиме со напорната работа, да останеме фокусирани,
да го почитуваме противникот но во исто време да веруваме во нашите
способности. Напред Португалија! Одиме во Катар!“
– гласеше пораката на ЦР7 на
Инстаграм.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани