Игор Ангеловски кој ја водеше Македонија до Европското првенство, сега сака нашите момците да се пласираат на Светско првенство.
Тој потсети и на мечот во Торино кој Македонија го одигра под негово водство, тој дуел со Италија заврши 1-1. А во Скопје несреќно загубивме со 2-3 со гол на Имобиле во судиското продолжение.
„Пред вечерашниот натпревар со Италија четирикратен светски и актуелниот Европски шампион. Сакам да ви посакам среќа за уште еден успех. Влогот е огромен и за Македонија и за Италија. Покажавте во Торино пред многу години дека го можете тоа. НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!”, напиша Ангеловски на социјалните мрежи.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.