Италија без дефанзивата од ЕП ќе игра против Македонија

by
1 минути читање

Италијанската одбрана беше најсилното оружје на азурите на Европското првенство кое го освоија, Бонучи и Спинацола се најдоа и во тимот на турнирот.

Манчини поради повреди нема да може да смета на целата одбрана која во најголем дел го играше Европското првенство.

Леонардо Бонучи се опоравува од повреда и не го играше мечот на Јуве со Салернитана. И неговиот соиграч Кјелини само што се врати од повреда, тој настапи 45 минути против Салернитана.

Информациите од Италија велат дека Бонучи и Кјелини нема да играат против Македонија, но Манчини се надева дека ќе може да смета на нив за евентуалното финале.

Според „Газета дело Спорт“, Бастони од Интер и Манчини од Рома би требало да бидат централните дефанзивци против Македонија, можеби на место некој од нив во комбинација да влезе Ачерби од Лацио.

Десниот бек на Наполи, Џовани Ди Лоренцо заработи повреда против Удинезе, па и тој нема да игра против Македонија, а го играше Европското првенство.

Одбрамбената четворка ја комплетира Спинацола кој се уште не се вратил од повредата на Европското првенство.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани