Полска оди директно во бараж финале, Русија се жали

by
1 минути читање

Поради војната во Украина, ФИФА и УЕФА ја исфрлија Русија од натпреварувањата. Тие требаше да играат полуфинален бараж за пласман на СП со Полска па неизвесно беше како ќе се реши случајот.

Дали Полска ќе добие нов противник, дали ФИФА ќе го одложи мечот за јуни и ќе и дозволи на Русија да игра ако дотогаш заврши војната или Полска ќе оди директно во финале.

Одлуката е донесена, Полска ќе оди директно во финале каде ќе игра со победникот од мечот меѓу Чешка и Шведска. Русија и дефинитивно е исфрлена.

Руската фудбалска федерација сепак не се откажува, поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана.

ФИФА донесе и одлука мечот меѓу Шкотска и Украина да се игра во јуни наместо во март.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани