Карпин: Штета за момците кои сонуваа да играат на Светско првенство

by
1 минути читање

ФИФА и УЕФА одлучија да ја суспендираат репрезентацијата на Русија и руските клубови од сите натпреварувања поради инвазијата на оваа земја над Украина.

Тоа значи дека Русија нема да го игра баражот против Полска и сонот за пласман на Мундијалот во Катар е завршен.

„Да речам дека стручниот штаб на руската репрезентација е разочаран од одлуката на ФИФА, тоа е исто како ништо да не сум рекол. Секако дека сме разочарани, очекувавме победникот од нашата четворка да се одлучи на фудбалскиот терен“, вели Карпин.

„Штета за момците кои сонуваа да играат на Светско првенство, а сега таа надеж ја загубија. Се надевам дека санкциите на ФИФА и УЕФА ќе бидат укинати колку што е можно побрзо и дека рускиот фудбал ќе се врати во меѓународната арена“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани