Што ќе се случи со баражот за мундијалот во Катар доколку Русија биде исфрлена?

by
1 минути читање

Се очекува вечерва
ФИФА, со поддршка од УЕФА, да ја исфри Русија од натпреварувањата како санкција
за воената интервенција во Украина.

Ваквиот потег носи
многу прашалници за бараж дуелите во кои „зборнајата“ требаше да учествува и да
се бори за место на мундијалот во Катар.

Останува да се
види каква ќе биде одлуката, а низ медиумите кружат неколку опции. Првата е Полска
на зелена маса да го добие дуелот и да се пласира во финалето, каде ќе се
сретне со подобриот од пресметката помеѓу Шведска и Чешка.

Втора опција е
Словачка да влезе на местото на Русија како третопласирана од Групата Х, во
која „зборнајата“ беше втора.

Трета опција е
најдобропласираната трета селекција од сите групи да добие шанса, тоа е Норвешка.

Четврта опција е местото
на Русија да го завземе некој од Лигата на нациите, односно победник на група
кој не успеал преку квалификациите да стигне до бараж. Во случајов, тоа би
збачело билет за Унгарија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани