ФИФА дозволи Русија да игра без знаме и химна, Полска не ја прифаќа одлуката

by
1 минути читање

За март е закажан бараж мечот меѓу Русија и Полска, а победникот од овој дуел ќе игра со победникот од натпреварот меѓу Чешка и Шведска за пласман на Светското првенство.

Полска се изјасни дека нема да го игра мечот со Русија поради војната што оваа земја ја води во Украина. И главните ѕвезди на селекцијата, Левандовски и Шчесни, кажаа дека немаат намера да го играат тој дуел.

ФИФА донесе одлука Русија да може да го игра мечот со Полска, но на неутрален терен, без своето знаме и химна.

„Денешната одлука на ФИФА е комплетно неприфатлива. Не сме заинтересирани да играме на тој меч. Нашиот став останува ист: полскиот национален тим нема да игра со Русија, без разлика какво ќе биде името на тој тим“, стои во острата реакција на Полска.

Покрај Полска, против одлуката на ФИФА се изјаснија и потенцијалните противници на Русија – Шведска и Чешка, но и Англија, која силно се залага за санкции против руската држава.

ФИФА во наредниот период ќе одржи состаноци и со другите спортски федерација за тоа дали Русија да се исфрли од сите спортски натпреварувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани