Шчесни: Мојот син има украинска крв, не можам да го играм мечот со Русија

by
1 минути читање

Полска донесе одлука да не го игра бараж мечот против Русија кој требаше да се игра на 26. март. Со одлуката се сложија и Шведска и Чешка кои се потенцијални противници на Русите. Но УЕФА треба да пресече.

Главните ѕвезди на Полска почнаа и поединечно да се изјаснуваат, прво тоа го направи Левандовски, а сега и Шчесни.

„Мојата сопруга е родена во Украина, во вените на мојот син тече украинска крв, Украина е дел од нашта фамилија, многу од моите работници се Украинци и сите тие се одлични луѓе“, вели Шчесни.

„Гледајќи страдање и страв на нивните лица за нивната земја, не ми дава да се преправам дека ништо не се случува“.

„Моментот кога Путин реши да направи инвација на Украина тој не само што објави војна на Украина туку на сите вредности за кои се залага Европа. Слобода, независност, но пред се мир“.

„На 26. март требаше да играме против Русија во бараж меч за Светското првенство во Катар. И ми се крши срцето кога го пишувам ова, но совеста не ми дозволува да играм“.

„Претставувањето на својата земја е најголемата чест за фудбалерите, но сепак е избор. Јас одбивам да играм против фудбалери кои одлучиле да ги претставуваат вредностите и принципите на Русија“.

„Одбивам да застанам на теренот, носејќи ги боите на мојата земја и да ја слушам националната химна на Русија! Одбивам да бидам дел од тој спортски настан кој ги легитимира акциите на руската влада“.

„Знам дека моето влијание ќе биде само симболично, но ги повикувам ФИФА и УЕФА да превземат акција и да ја повикаат руската федерација на одговорност за нивните постапки“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани