Големи три бода за Перу од Колумбија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во Јужна Америка се води голема битка за позициите кои водат на Светското првенство, засега пласман обезбедија само Бразил и Аргентина.

Перу синоќа со гол на Флорес на пет минути пред крајот на мечот дојде до победа на гостувањето кај Колумбија со која излезе на табелата пред оваа репрезентација.

На три кола до крајот, Перу е на четвртото место, последно кое води директно на Мундијалот, петти е Уругвај кој ќе игра бараж ако остане на оваа позиција.

Синоќа се одигра и мечот меѓу Венецуела и Боловија кој го добија домаќините со 4-1.

Рондон беше херој на домаќините постигнувајќи хет-трик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани