Алисон „патосираше“ двајца ривали, два пати беше исклучен но бранеше до крај! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Еквадор и Бразил
доцна синоќа одиграа 1-1, мечот го одбележаа историските одлуки на ВАР, видео
технологијата два пати го спаси Алисон од исклучување.

Голманот со
своите интервенции „патосираше“ двајца ривали. Во првото полувреме, со високо
крената нога го закачи Енер Валенсија во глава, па судијата му покажа црвен. Но
по консултација со ВАР, судијата го поништи црвениот и покажа само жолт бидејќи
голманот прво ја изби топката.

Во финишот на
мечот имаше нов спорен момент, Алисон со рака го погоди Пресиадо во глава,
судијата му покажа втор жолт картон и досуди пенал, но со ВАР повторно беше
преиначена одлуката бидејќи голманот прво ја изби топката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани