190
Интер во самата
завршница дојде до победа од 2-1 против Јувентус во италијанскиот Суперкуп, а
победникот за престижниот трофеј се решаваше во последните моменти од
пресметката во Милано.
По мечот,
главниот арбитар од италијанскиот Суперкуп, Даниеле Довери за момент се најде
во центарот на вниманието откако низ социјалните мрежи се појавија низа
контроверзни фотографии од него.
На истите тој се
наоѓа на аеродром со торба со логото на Интер, по што навивачите на Јувентус го
вперија прстот кон Довери, особено поради за нив, спорниот пенал со кој Лаутаро
Мартинез израмни на 1-1.