24фудбал

Јувентус се подготвуваше за пенали, Интер со гол во 120. минута стигна до трофеј во Суперкупот! (ВИДЕО)

Интер за прв пат по 2010 година се радува на трофеј во Суперкупот на Италија, „нероаѕурите“ вечерва со голот на Алексис Санчез во 120. минута стигна до триумф од 2-1 над Јувентус.

Италија

Симоне Инзаги го освои првиот трофеј на кормилото на Интер, вечерва беше совладан лутиот ривал Јувентус во Суперкупот на Италија.

Мекини ја донесе „старата дама“ во предност, но десет минути подоцна Мартинез од пенал изедначи на 1-1.

Истиот резултат стоеше на семафорот по 90 минути игра, па мечот отиде во продолженија. И кога се чинеше дека ќе има пенали, Леонардо Бонучи чекаше да биде направен прекршок за да влезе во игра, Алекс Сандро погреши во 120. минута од мечот а Алексис Санчез ја затресе мрежата за 2-1 и огромна радост на Интер.