Откриено што му рече Бонучи на секретарот на Интер, фудбалерот на Јуве може да добие суспензија (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Интер даде гол во 120. минута и го победи Јувентус со 2-1. Додека играчите на Интер го славеа голот, Бонучи имаше вербална пресметка со секретарот на Интер.

Денеска „Ил Темпо“ ја открива жестоката дискусија меѓу Бонучи и Моцило.

„Не ми слави во лице, што к*р правиш? Ќе те убијам“, му рекол Бонучи на Моцило.

Секретарот му вратил: „Што правиш?“ и се обидел да го турне Бонучи од себе.

Ниту еден од двајцата синоќа не доби санкција за овој инцидент. Но според италијанските медиуми, Бонучи би можел да биде суспендиран за зборовите „Ќе те убијам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×