24фудбал

Бонучи наместо да им се лути на своите соиграчи, тргна да се пресмета со секретарот на Интер (ВИДЕО)

Леонардо Бонучи ги загуби нервите по голот на Алексис Санчез во 120. минута во Суперкупот на Италија, дефанзивецот на Јувентус тргна да се пресмета со секретарот на Интер, Кристијано Моцило.

Италија

Интер стигна до трофејот од Суперкупот на Италија откако со гол во 120. минута го совлада Јувентус со 2-1.

„Старата дама“ се подготвуваше за пенали, Леонардо Бонучи повеќе од 60 секунди стоеше крај аут линијата, од клупата на Јувентус даваа инструкции да се направи тактички прекршок за дефанзивецот да влезе во игра, но на теренот се случи спротивното, една грешка отвори шанса и Алексис Санчез ја затресе мрежата.

И додека играчите на Интер славеа, Леонардо Бонучи нервозно реагираше крај аут линијата, но наместо да им се лути на соиграчите, тој тргна да се пресметува со секретарот на „нероаѕурите“, Кристијано Моцило.