На два дена пред големото дерби со Порто, тренерот на Бенфика, Жесус договори заминување во Фламенго

by
1 минути читање

Бенфика има добра сезона во Европа, но навивачите се незадоволни од нивниот учинок во домашното првенство, па бараат тренерска смена.

Очигледно Жорге Жесус сериозно си ги сфатил критиките па договори заминување.

Синоќа во својот дом имал состанок со директори на Фламенго и паднал договор за негово враќање во бразилскиот клуб.

Бидејќи е под договор со Бенфика, потребно е и договор меѓу двата клуба по што ќе се знае кога тој ќе замине.

Навивачите му замеруваат дека преговарал со друг клуб пред португалското Класико меѓу Порто и Бенфика кое се игра во четврток во рамките од Купот на Португалија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани