Обамејанг нема иднина во Арсенал?! Напаѓачот е принуден да тренира сам

by
1 минути читање

На Микел Артета
му дојде преку глава од недисциплината на Пјер Емерик Обамејнаг, па откако
фудбалерот се врати доцна од патување во Франција, беше казнет и остана без
капитенската лента.

Фудбалерот од
Габон веќе ги пропушти дуелите со Саутемптон и Вест Хем, а не доби повик ниту
за денешната пресметка против Лидс.

Како што
пренесуваат медиумите од Англија, Пјер Емерик Обамејанг е принуден да тренира
сам, нема да биде во комбинација ниту за дуелот со Норич
, и практично повеќе нема да игра оваа година
бидејќи потоа треба да се пријави на должност со Габон и Африканскиот куп на
Нации.

Одредени извори
пренесуваат дека во јануари ќе се бара нов клуб за Пјер Емеринг Обамејанг, но
проблем може да биде неговата неделна плата
од 350.000 фунти. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×