Реал Мадрид со 2-1 го победи Интер и со три бода ја почна новата сезона во Лигата на шампионите, одлична ефикасност на денешните натпревари.
Во првото полувреме Интер беше тимот кој играше, но Реал даваше голови.
Резултатот беше отворен во 14. минута кога Реал искористи една грешка на Бисек, Диаз додаде до Мбапе кој даде гол за водство од 1-0.
Десет минути подоцна катастрофална грешка на голманот на Интер, Валверде искористи мудро и даде гол за 2-0. Тоа беше резултатот од првото полувреме.
Во вториот дел рамноправно беше кога се во прашање шансите, а погодок постигна Интер, реализираше Карлос Аугусто за 2-1 и возбудлива завршница на мечот.
Тимот на Мурињо ја сочува предноста до крајот и се израдува на победата.
Манчестер Сити со два гола на Халанд победи на гостувањето кај Порто.
Бетис со 3-2 славеше на гостувањето кај Лил, а со истиот резултат Борусија Дортмунд на свој терен го победи Виљареал.
Претходно АЕК со 1-0 славеше над ЛАСК, Астон Вила со 3-2 го победи Клуб Бриж во Белгија.