Откриено со какви изговори играчите од Премиерлигата одбиваат да се вакцинираат: Моите се вегани… можам да останам неплоден

by
1 минути читање

Новиот сој на
ковид-19 направи хаос во Премиерлигата, минатата недела беше соопштена рекордна
бројка на заразени по мај минатата година, дури 42 фудбалери беа позитивни.

Овој викенд половина
од предвидените 10 натпревари се одложени, и дури се говори за прекинување на
првенството за да се зачува регуларноста.

Не е јасно колкав
е процентот на вакцинирани фудбалери, но се говори дека оние кои не се
вакцинирани ја шират заразата а лекарските тимови на клубовите се фрустрирани
поради изговорите со кои играчите се вадат и одбиваат да се вакцинираат.

Дејли Мејл вели
дека еден фудбалер ги известил докторите дека нема да се вакцинира бидејќи тој
и неговото семејство се вегани. Дел од веганите одбиваат да се вакцинираат од
етички причини, бидејќи тестирањето на животни спорд законите во Велика
Британија е неопходно при развој на вакцините.

Други играчи пак како
оправдување кажале дека не се вакцинираат бидејќи се плашат дека ќе останат
неплодни.

Има и такви кои
едноставно велат дека не веруваат во вакцини.

Клубовите веќе
пончаа да им нудат и трета бустер доза, но не можат со сила да ги натераат
фудбалерите да ја прифатат, ниту пак да ги натераат оние кои не се вакцинирани
да примат две дози.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×