187
Интер немаше никакви проблеми да ги освои трите бодови од Салерно, дека тимот на Инзаги нема да има тешка задача најави Перишиќ уште во 11. минута кога погоди за водство од 1-0.
Во 33. минута Думфрис зголеми на 2-0, со тој резултат се отиде на одморот.
По седум минути игра во второто полувреме Алексис Санчез погоди за 3-0, а до крајот на мечот погодија и Лаутаро Мартинез и Гаљардини за конечна победа од 5-0.
Ова беше петти натпревар по ред во Серија А како Интер победува без да прими гол, такво нешто им се случило само уште во 1989 и 1996 година.