Шефот на
стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп јавно повика на транспарентност во
фудбалот во однос на ширењето на заразата со ковид-19, а го впери прстот кон
Манчестер јунајтед и Тотнем каде имаше целосен молк на таа тема.
„Ние немаме што
да криеме, нашата најголема грижа е момците да бидат здрави, доколку некој се
разболи а вие ме прашате за тоа, јас би ви кажал дека тој е разболен, доколку
има скршен прст, јас би ви кажал дека има скршен прст“ рече Клоп.
„Ова е навистина
тешка ситуација во која сите се наоѓаме, едната сигурно е пандемијата, а
другата индивидуалните повреди, но мораме да пронајдеме начин за да поминеме
низ сиве овие проблеми“ додаде тој.
Ливерпул, сосема
спротивно од обата ривали, јавно посочи дека Вирџил ван Дајк, Фабињо и Куртис
Џонс не се достапни поради тоа што триото имало суспектни тестови за ковид-19.
„Навистина сметам
дека разменувањето на информациите е од голема помош за сите, секое погрешно
или лажно информирање носи само лага за луѓето, само кажете како е, а потоа
продолжете понатаму“ наведе германскиот фудбалски стратег.
„Знам дека
антиваксерите ќе кажат дека Клоп рекол да се вакцинираме, а неговите фудбалери
се заразија со вирусот, но можете да поминете полесно, мислам дека треба да
зборуваме за тоа, постојат многу работи кои едноставно не ги разбираме“ рече
тој.
„Слушнав дека
Манчестер јунајтед се соочил со неколкумина заразени фудбалери со ковид-19, но
немам никаква претстава кои се тие, истовремено немам претстава кои биле
заразените во Тотнем, не знам колку е тоа потребно, да не се знае ништо во еден
отворен свет тоа е помалку чудно“ потенцираше Клоп.