147
Мечот во регуларниот дел беше 1-1. Па се премина кон продолженија. Дејверсон во игра влезе во продолженијата и во 95. минута даде гол за Палмеирас кој се покажа како победнички.
А во судиското продолжение, во 123. минута се случи вистинска комедија во која токму Дејверсон беше во главната улога.
Судијата го потчукна Дејверсон по грб, а тој веројатно мислеше дека е допрен од противнички играч па се фрли да се преправа како да добил некој силен удар со цел да задржи време. Судијата му кажа дека тој го удрил, по што фудбалерот брзо стана, јасно му беше дека нема на кој да му глуми.