Италија или Португалија нема да играат на СП, наше е да се потрудиме и двете да не одат

by
1 минути читање

Ждрепката не нè посака, го добивме европскиот шампион Италија како противник во полуфиналето, а ако направиме изненадување ќе играме на гости кај победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција.

Со оваа ждрепка не се задовилни ниту Италијаните и Португалците, знаат дека еден од нив сигурно нема да игра на Светското првенство.

Дали Мундијалот ќе биде посиромашен за Европскиот шампион или за Кристијано Роналдо, ќе се знае кон крајот на март.

А наше ќе биде да се надеваме дека ќе направиме чудо кое и тешко може да се замисли, дека ќе успееме да го поминеме баражот и ние да бидеме тие кои ќе играат на Светското првенство во Катар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани