Причината поради која Диего Марадона е погребан без срце

by
1 минути читање

Се наближува
годишнината од смртта на Диего Марадона (25. ноември), па докторот и новинар
Нелсон Кастро во една емисија на „Ел тресе (Канал 13)“ ја промовираше својата
книга „Здравјето на Диего: Вистинската приказна“.

На прашање на
новинарката дали е вистина дека Диего Марадона е погребан без срце, тој
одоговри: „Да, точно е. Беше откриено дека група ултрас навивачи на Химнасија
Ла Плата
планираат да го украдат срцето, па беше одлучено да го погребаат без срце.
Ова е само едната причина, втората е за да се вршат тестови и испитувања и да се утврди
причината за смртта“.

Тој исто така
откри дека срцето на Диего Марадона тежело околу половина килограм, а вообичано треба да тежи околу 300 грама. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани