ЕСПН: Замислете Роналдо против Македонија во Скопје да брка СП?

by
1 минути читање

Форматот на овој бараж ќе биде поразличен од претходните, тој треба да донесе поголеми возбудувања, а „ЕСПН“ замислува како Роналдо во Скопје против Македонија би можел да се бори за пласман на Светско првенство. 

„Од дванаесетте тима кои се пласираа во баражот, на крајот ќе останат само три кои ќе одат на СП во Катар, овој формат носи посебна драма и тензија. За неутралните спектакл, а за навивачите на земјите кои учествуваат, нервоза“, се вели во текстот на „ЕСПН“.

„Во основа имаме три фајнл-фор турнири со по еден меч во полуфинале и финале. Шест репрезентации се носители (Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска и Велс), тие имаат предност на домашен терен во полуфиналето против шестте неносители (Турција, Полска, Македонија, Украина, Австрија и Чешка). И замислете, отворена е и опцијата Кристијано Роналдо со Португалија во Скопје да се бори за пласман на Светското првенство“.

Таквото сценариот како што го замислува „ЕСПН“ е возможно само доколку Македонија се пласира во финале, тој меч би можеле да го играме на домашен терен бидејќи за финалето домаќинот се одредува со ждрепка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани