Меси: Повредата е минато, но физички треба да бидам подобар

by
1 минути читање

Меси поради повреда пропушти неколку меча за ПСЖ, но настапи за Аргентина, мечот против Бразил го одигра цел.

„Игравме со верба дека ќе победиме, се обидувавме да играме, но на моменти не можевме. Сепак важно е и дека не загубивме. Одиме понатаму и продолжуваме да созреваме како тим“, вели Меси по мечот со Бразил кој заврши без голови.

„Не играв долго време. Ова беше многу интензивен натпревар и треба да го најдам мојот риам. Добар сум, но очигледно физички не сум доволно добар. Долго време не играв и не е лесно веднаш да одиграте меч со таков интензитет“.

„Но другото се е во ред и се надевам дека добро ќе ја завршам годината“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани