Манчини: Сигурно ќе одиме на СП преку бараж, а може и ќе го освоиме

by
1 минути читање

Италија одигра реми на гостувањето кај Северна Ирска и си ја искомпликува ситуацијата, наместо директно да се пласира на Светското првенство, ќе мора да игра преку бараж.

Таму од 12 репрезентации само три одат на Мундијалот, а има силни селекции како Португалија која може да и се падне на Италија во финалето од една од групите. Но Роберто Манчини е уверен дека тие ќе одат на Светско.

„Ќе се пласираме на Светско првенство во март, а потоа можеби и ќе го освоиме. Сигурен сум“, вели Манчини.

„Штета е што испдна вака, требаше да го завршиме се ова во групата уште порано. Уште повеќе што ги контролиравме ситуациите во натпреварите, но се мачевме да постигнеме голови. Мораме повторно да го активираме тоа што не издвојуваше од другите и да се подготвиме за март. Потполно сум сигурен дека ќе поминеме во баражот“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани