Роналдо по шокатниот пораз од Србија: Резултатот е тежок ама недоволен да не сруши, ќе патуваме во Катар!

by
8 минути читање

Португалија ќе мора
додатно да се помачи за да биде дел од СП 2022 откако синоќа во Лисабон загуби
од Србија, Митровиќ со гол во 90. минута донесе огромна радост за „орлите“ и ги
шокираше домаќините.

Разочарувањето
кај првата ѕвезда Кристијано Роналдо беше огромно, ЦР7 во прв момент во
неверица седна на теренот и почна да плаче а потоа имаше нервозни гестикулации
кон селекторот Фернандо Сантош.

ЦР7 попладнево се
огласи на социјалните мрежи, призна дека поразот од Србија е тежок но во исто
време недоволен да ги сруши. Сонот за настап на Светското првенство е жив и
напаѓачот е убеден дека Португалија ќе биде дел од мундијалот во Катар.

„Фудбалот ни
покажува дека многу често, најтешкиот пат е оној кој води до најпосакуваниот
исход. Резултатот беше теожок, ама недоволен да не сруши. Целта да бидеме на
Светско првенство се уште е жива и знаеме што треба за да стигнеме таму. Без изговори
.
Португалија оди во Катар“ – гласеше пораката
на Кристијано Роналдо, кој има дури 4 настапи на мундијалте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани