Панчев: Вчера беше ден за уживање, прво Хрватска, па Македонија и заврши со Србија

by
1 минути читање

Хрватска ја победи Русија и се пласираше на Светското првенство, Србија го направи истото откако ја совлада Португалија, а меѓу тие два меча играше Македонија, го совлада Исланд и избори бараж.

„Вчерашниот натпревар беше ден за уживање за екс-ју фудбалот. Се почна со Хрватска која имаше тежок натпревар но успеа да избори пласман на СП. Потоа Македонија го постигна најголемиот успех кога се во прашање квалификациите и пласман во бараж, а шлагот на тортата беше пласманот на Србија“, вели Панчев за српските медиуми.

„Ова е некоја нова Србија со фантастична атмосфера. Се гледа дека играчите гинат еден за друг. Сето тоа се враќа и овој гол на Митровиќ во последната минута. Митар и понатаму нека растура, дечкото не престанува да дава голови. Нека продолжи само така“.

Целото интервју на Панчев можете да го погледнете ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани