За Романија, киксот против Исланд е национална катастрофа, неуспех кој долго ќе ги прогонува

by
1 минути читање

Романија како веќе да го имаше прославено пласманот во баражот за СП. Сметаше дека задачата против најслабите во групата, Исланд и Лихтенштајн рутински ќе биде завршена, но се сопнаа на првата пречка.

Потценувањето на противникот, а потоа и притисокот дека мора да се победи си го направија своето. Романците играа неповрзано против Исланд, создадоа неколку шасни, но не дојдоа до победата.

Сега останува да се надеваа дека на Македонија може да ѝ се случи тоа што им се случи нив, но селекторот Радои не верува дека ние може да кикснеме против Исланд, за него квалификациите се завршени.

„Овој резултат е национална катастрофа, ваквите мечеви со години може да нѐ мачат, цел живот може да не прогонуваат. Во оваа земја ми се чини дека во многу области паѓаме во клучните моменти. Сакавме да бидеме втори, сѐ беше во наши раце… Не верувам дека Македонија може да киксне против овој Исланд. Тоа што го имавме во рака не го зграпчивме. Разочаран сум и јас и фудбалерите. Жал ми е за навивачите. Не одигравме добро“, изјави романскиот селектор Радои кој ќе замине од кормилото по овие квалификации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани