Албанија загуби од Полска во меч со инцидент по кој гостите во еден момент се повлекоа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На Албанците им одговараше и реми за да ја задржат втората позиција, но не успеаа да го сочуваат почетниот резултлат.

Полска постигна гол преку Свидерски во 77. минута а веднаш потоа се случи инцидент. Албанските навивачи почнаа да фрлаат со тврди предмети по фудбалерите на Полска, некои од нив биле погодени, по што одлучија да го напуштат теренот бидејќи не се чувствувале безбедни.

По кратка пауза мечот продолжи, Полска го сочува водството до крајојт и се радуваше на победа по која се искачија на втората позиција на табелата на две кола до крајот.

Албанија во следното коло гостува кај Англија која уште не го заверила првото место, денескса одиграа само 1-1 со Унгарија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани