68
Единствениот гол за Србија беше дело на Влаховиќ во 68. минута. Со овие три бода Србите излегоа на првата позиција со бод повеќе од Португалија, но Португалците имаат натпревар помалку.
Албанија оствари многу важна победа откако со 1-0 славеше на гостувањето кај Унгарија. Албанците го задржаа второто место со бод повеќе од Полска со која во следното коло играат меѓусебен дуел во Тирана. Во таа група далеку напред е Англија која вечерва со 5-0 славеше над Андора.
И Босна и Херцеговина си ги задржа шансите за второто место откакао со 2-0 славеше на гостувањето кај Казахстан. Грција со истиот резултат победи во Грузија, Бугарија со 3-1 изгуби од Литванија. Кососво со 3-0 беше поразен во Шведска.