Германија со пресврт ја победи Романија, Исланд зема бод и со Ерменија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Романија и приреди непријатен шок на Германија во 9. минута кога Хаџи постигна гол за водство од 1-0.

Германците долго време се мачеа да израмнат, тоа им успеа дури во 52. минута кога Гнабри постигна гол за 1-1.

На десет минути пред крајот Томас Милер постигна гол за победа на Германија од 2-1.

Исланд слично како и нам, и на Ерменија им откина два бода.

Ерменците поведоа со гол на Хованисијан во 35. минута, израмни Јоханесон во 77. минута.

По седум одиграни меча, Германија е прва со 18 бодови, Македонија и Ерменија имаат 12, Романија е четврта со 10 бодови, 5 има Исланд, последен е Лихтенштајн со еден освоен бод.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани